Хроника од 35-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 24.09.2019г. – На 35та седница Советот на Агенцијата донесе Решение за изрекување на мерка јавна опомена на ТРД Телевизија КАНАЛ – 21 ДООЕЛ Велес поради неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела.

Со цел да се започне постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2019 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка – услуга: Организација на денови на медиумска писменост.



Accessibility

Accessibility