Хроника од 36-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 25.09.2019г. – На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе заклучок за запирање на покренатата постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ВИЖН БМ-ТВ Канал Визија ДОО Скопје.

Во врска со информацијата за ТРД ТОПЕСТРАДА ДООЕЛ Тетово, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на овој радиодифузер.

Имајќи предвид дека се отстранети причините за водење на постапка, Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на постапката за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација по службена должност кај ТРД РАДИО Свети Николе ДОО Свети Николе.

Советот на Агенцијата донесе и едно Решение за изрекување мерка јавна опомена на ТРД телевизија ИРИС ДОО Штип поради констатирано прекршување на член 15 став 3 од Законот за медиуми, односно необјавување на податоци за сопственичка структура, одговорен уредник и извори на финансирање во претходната година.



Accessibility

Accessibility