Хроника од 36та седница

Скопје, 30.09.2022 – На 36та седница одржана на 29.09.2022 година Советот на Агенцијата донесе Одлука со која одобри зголемување на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година.

Заради усогласување со измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и по завршување на јавната расправа која траеше до 17 октомври 2022 година, Советот на Агенцијата ја усвои Методологијата за изменување и дополнување на Методологијата за вршење на програмски надзор.

Во врска со Информацијата за Барањето од комерцијалните радиостаници на државно ниво, Советот на Агенцијата имајќи ги предвид тековните случувања со енергетската криза кои директно се одразуваат врз функционирањето и економската одржливост на радиодифузерите и имајќи ја предвид значајната улога којашто ја имаат медиумите за плурализмот и развојот на демократските општества, заклучи да обезбеди финансиска помош-донација за радиодифузерите која ќе се реализира преку намалување од 25% на нивниот надоместок за дозвола за радио и телевизиско емитување за 2023 година, пресметан согласно формулата утврдена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и да достави допис до Владата на РСМ доколку е во можност да ја обезбеди побараната финансиска помош за покривање на трошоците за дистрибуција на сигналот на радиодифузерите.

Советот на Агенцијата даде и одобрување на директорот на Агенцијата да ги донесе следниве Одлуки: за исплата на парична помош-надоместок за смрт на потесното семејство на вработен во Агенцијата согласно законските одредби, за спроведување на постапка за јавна набавка на услуга: Биро за превод и за обука на тема „Примена на стандардите при подготовка на техничките спецификации, дефинирање на критериумите за утврдување способност и следење/контрола на реализацијата на склучените договори за јавни набавки“.

На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

 

 



Accessibility

Accessibility