Хроника од 36-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 14.12.2021 – Врз основа на констатации од редовен административен надзор, каде е констатирано прекршување на член 15 став 3 од Законот за медиуми, односно необјавување на сопствената програма податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година, Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на ТРД Радио ЛАВ од Охрид.

На оваа седница Советот на Агенцијата донесе и две Решенија за бришење од регистарот на радиодифузери за ТРД РАДИО АКТУЕЛ Битола ДООЕЛ и ТВ НОВА ДОО Гевгелија.

Со цел завршување на започната на постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2021 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата за дообезбедување на средства потребни за реализација на договор за јавна набавка-услуга: Интернет конекција со хостирање на постојните интернет страници и за измена на Одлуката за потреба од јавна набавка.



Accessibility

Accessibility