Хроника од 36-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 28.10.2016г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на покренатата постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телекабел А1 ДООЕЛ Струмица, поради извршена уплата на долг за годишен надоместок за дозволата за телевизиско емитување.

Се усвои предлогот од директорот и Советот на Агенцијата донесе одлука со коjа се дозволува промена на сопственичката структура на ТРД СТРЕЕТ ФМ ДОО Скопје, со оглед на тоа што со предложените промени не се создава недозволена медиумска концентрација.

Се одобри и носење на одлука од страна на директорот за исплата на средствата за национално кофинансирање (НФК) за проектот на Агенцијата од IPA TAIB 2009 „Зајакнување на административните капацитети на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски сервиси“.

Со цел да се започнат постапки за јавни набавки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2016 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ги спроведе следниве набавки: стока – горива за потребите на Агенцијата, услуга – одржување на противпожарна спринклер инсталација и ПП апарати и работа: затворање на отворени делови од влез на гаража.  



Accessibility

Accessibility