Хроника од 37-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 18.06.2014- Агенцијата ја за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ги разгледа Информациите за извршените контролни надзори врз работата на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи СПАЈДЕР-НЕТ Гевгелијаи ПЕТ НЕТ Гевгелијана ден 12.06.2014 година. Агенцијата за операторотПЕТ НЕТ Гевгелијадонесе Решение за преземање мерка со кое го опомене и му наложи веднаш да го исклучи реемитувањето на програмските сервиси во рамките на својот дигитален пакет: ТВ ВТВ, Алсат М, Russia Today и Russia Today Documentary согласно член 23, алинеја 1 и член 141 став 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

СПАЈДЕР-НЕТ Гевгелија постапил во целост по издаденото Решение за исклучување на реемитувањето на програмски сервиси.

 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштво за телекомуникации и софтвер- кабелски оператор КАБЛЕКАЛЛ увоз-извоз ДООЕЛ Кичевосо подружниците во Струга, Дебар, Желино и Теарце, Потврда бр. 3 со која регистрираниот програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: ТВ Спектра (локално-Општини Струга и Вевчани), ТВ Калтрина (локално-Општини Струга и Вевчани), ТВ Коха(регионално D8 -Попова Шапка), Spot Klub 1, Spot Klub 2, Spot Klub 3, Golf Klub, Lov i Ribolov, Ultra, Mini Ultra, IQS Life, Cinemania, Vizion Plus, Living, Tring 3 plus, Tring Shqip, Smile, Kanali 7, Muse, Agon Channel, Tip TV, Tring Tring, Tring Super, Tring Max, Tring Fantasy, Tring Life, Tring Comedy, Tring History, Tring World, Tring Planet,BBF, Folk Plus, Desire, Jolly HD, Telesport, RTV 21 Popullore, Tirana TV, Luxe TV, Motors TV, Bunga Bunga, Bizarre, Sofia и TV Boka;

– Друштво за производство трговија и услуги ИП СИСТЕМС ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, Потврда бр.3 (аналоген пакет) и Потврда бр. 1 (дигитален пакет) со која регистрираниот програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси:Kanal 3, Kanal 6, SOS, DUGA, Hayat, Hayat Plus, Hayat Folk, KCN, KCN Music 2 и KCN Svet Plus 3;

-Трговско радиодифузно друштво кабелскателевизија ВИНСАТ КАБЕЛ ДООЕЛ, Потврда бр. 10 со која регистрираниот програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: TV 1000, Viasat History, Viasat Explorer и Viasat Nature;

-на Трговско друштво кабелски оператор САНЕТ КАБЕЛСАТ ДООЕЛ Виница, Потврда бр. 4 со која регистрираниот програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: TV 1000, Viasat History, Viasat Explorer и Viasat Nature;

-на Трговско радиодифузно друштво-оператор на кабелска мрежа ФИЛАДЕЛФИЈА-2002 ДОО Кочани, Потврда бр. 9 (аналоген пакет) и Потврда бр. 2 (дигитален пакет) со која регистрираниот програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Канал 5 плус, Алфа ТВ, Алсат М, Наша ТВ, ТВ Ирис (регионално D3 – Туртел), Канал 5, 24 Вести, ТВ Кочани-ЛД (локално – Општини Кочани, Виница, Чешиново – Облешево и Зрновце), Телма, ТВ Д1(регионално D3 -Туртел), Spot Klub 1, Spot Klub 2, Spot Klub 3, Golf Klub, Lov i Ribolov, Ultra, Mini Ultra, IQS Life, Cinemania, Discovery, Animal Planet, TLC, Discovery World, Discovery Science, DiscoveryInvestigation и Planeta;

– Трговско радиодифузно друштво оператор на кабелска мрежа Томи Начески КАБЕЛ РИЗ ДООЕЛ Кочани, Потвдрда бр.9 (аналоген пакет) и Потврда бр.2 (дигитален пакет) со која регистрираниот програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Канал 5 плус, Алфа ТВ, Алсат М, Наша ТВ, ТВ Ирис (регионално D3 Туртел), Канал 5, 24 Вести, ТВ Кочани-ЛД (локално – Општини, Кочани, Виница, Чешиново – Облешево и Зрновце) и Телма;

 

 

 



Accessibility

Accessibility