Хроника од 37-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 04.09.2012 – На денешната, 37-ма седница, СРД ја усвои Информацијатa за исполнување на обврските утврдени со Одлуката за поништување на одлуката за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност од Друштвото за радио дифузија ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга и констатираше дека Друштвото за радио дифузија ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга во целост ги исполни обврските согласно став 2 алинеја 1, 2, 3 и 4 од Одлуката за поништување бр.07-306 од 21.08.2012 година.

Членовите на СРД ја разгледаа информацијата за добиените податоци во однос на сопственичката структура на ТВ Алфа Дооел Скопје, ТВ Скопје Доо Скопје и ТВ Ирис од Штип, коишто се акционерски друштва со сложена сопственичка структура од аспект на почитувањето на членот 11 од Законот за радиодифузната дејност. Беше одлучено да следат активности со цел комплетирање и проверка на податоците.
СРД ја разгледа информацијата за доставување извештаи за емитуваните европски аудиовизуелни дела на МТВ1 и ТВ Сонце и констатираше дека двата радиодифузери ја исполниле обврската за емитување на европски аудиовизуелни дела.

 

На продолжението на 35-та седница од 4-ти септември, СРД констатираше дека ТРД Наша ТВ – Скопје и ТРД Радио Беса – Општина Долнени во целост го платиле надоместокот за дозволата.
Надоместокот за дозволата го немаат намирено следните радиодифузери:

– ТРД ТВ Сител 3 – Скопје
– РТД Телевизија Сонце – Скопје
– ТРД АБ Канал – Скопје
– ТРД МЏ Радио – Охрид и
– ТРД Радио Пехчево – Пехчево.

Затоа СРД иницираше постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на овие радиодифузери со последно предупредување да го намират долгот кон СРД во законскиот рок од 15 дена.



Accessibility

Accessibility