Хроника од 37-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 02.10.2019г. – На вчерашната седница Советот на Агенцијата врз основа на констатации од надзор, поради неисполнување на минималните кадровски услови покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Вижн БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДОО Скопје.

Воедно, Советот донесе Решение за преземање мерка јавна опомена на ТРД Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип поради неисполнување на обврската за дневно емитување најмалку 25% музика на македонски јазик во периодот од 06:00 до 00:00 часот. Констатираното прекршување се однесува на член 80 ставови 7, 8 и 9 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а во врска со точка 4 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика.



Accessibility

Accessibility