Хроника од 38-та седница

Скопје, 13.09.2018 – На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Вижн БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДОО Прилеп.

Советот на Агенцијата донесе Решение за отфрлање на Барањето за доделување на дозвола без објавување на јавен конкурс за телевизиско емитување на ТРД Вижн БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДОО Прилеп и Цветан Настевски, поради нецелосно и нејасно, односно неуредно пополнето барање, без сите потребни податоци предвидени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Воедно, Советот донесе и Правилник за измена на Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање копија од снимка на објавена информација во рамките на програмскиот сервис на радиодифузерите на државно, регионално и локално ниво на Република Македонија.



Accessibility

Accessibility