1

Хроника од 39-та седница

Скопје, 18.10.2019г. – На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе четири Решенија за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Радио ХИТ ФМ ДООЕЛ Скопје и ТРД Радио ЗОНА М-1 Светлана ДООЕЛ Скопје. Мерка јавна опомена е изречена на ТРД Радио ХИТ ФМ ДООЕЛ Скопје  поради прекршување на член 51 став 1 (необезбедување информации достапни на корисниците) од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и член 14 од Законот за медиуми (необјавување на податоци со кои се идентификуваат авторите). На ТРД Радио ЗОНА М-1 Светлана ДООЕЛ Скопје мерката јавна опомена е изречена поради прекршување на член 51 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (необезбедување информации достапни на корисниците) и член 80 ставови 7, 8 и 9 (неемитување најмалку 35% музика на македонски јазик во периодот од 06 до 00 часот).

Со цел да се започнат постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2019 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ги спроведе постапките за следниве јавни набавки: услуга-интернет конекција со хостирање на веб страницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, услуга-Студија за утврдување на влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и врз работата на традиционалните медиуми. Воедно согласно Законот за јавни набавки, Советот одобри директорот да донесе две Одлуки за набавка на стока – рекламен материјал за промоција на Деновите не медиумска писменост и за обновување на два кориснички пристапи на електронската база на прописи на Службен весник на Република Северна Македонија.