Хроника од 4-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 28.01.2020 – На четвртата седница на Советот на Агенцијата беа разгледани кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 октомври до 31 декември 2019 година.

Врз основа на констатации од административен надзор, каде е констатирано прекршување на член 62 став 5 од ЗААВМУ и член 6 од Правилникот за подрачја на емитување на телевизиски и радио програмски сервиси, односно неисполнување на техничките услови за покриеност со сигнал од најмногу 80% од населението, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата на ТРД ЈОН-РАДИО ДООЕЛ Струга.

Советот на Агенцијата ја запре претходно покренатата постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД КАПИТОЛ ФМ Скопје, по извршена доплата на годишниот надоместок за дозвола за радио емитување.

Се донесе и Заклучок во врска со практичната примена на членот 23 од Законот за измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно уредување на процесот на постапување во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Донесени се три Решенија за изрекување мерка јавна опомена и тоа две Решенија на МРТ1 поради прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ, и член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетните лица и едно Решение за мерка јавна опомена на операторот АЛТРА-САТ 2000 ДООЕЛ Охрид за реемитување на нерегистрирани програмски сервиси.

Со цел да се започне постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2020 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка – услуга: Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици и одобри директорот да донесе одлука за набавка од мала вредност за услугата сервисирање на кафемати.



Accessibility

Accessibility