Хроника од 4-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 07.02.2022 година – Советот на Агенцијата на денешната седница одобри изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со Студијата за утврдување на оправданост за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување.

Во врска со известување за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на Трговското друштво за радио-дифузна дејност ТВ Шутел ДООЕЛ Скопје.



Accessibility

Accessibility