Хроника од 40-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 22.10.2019г. – На денешната седница, поради прекршување на член 62 став 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и член 22 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД 1 ТВ ДООЕЛ Скопје.

Врз основа на констатации од редовен надзор Друштвото за телекомуникации и софтвер-кабелски оператор КАБЛЕКАЛЛ увоз-извоз ДООЕЛ Кичево не постапило по Решението за јавна опомена и за исклучување на реемитување на програмски пакети, односно не го усогласило своето работење со член 141 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради што Советот на Агенцијата покрена прекршочна постапка.



Accessibility

Accessibility