Хроника од 41-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 01.11.2019г. – Најавената точка во врска со Предлогот-одлуката за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД 1 ТВ ДООЕЛ Скопје е одложена за првото продолжение на 41-та седница закажано на 04.11.2019 година (понеделник), со почеток во 17:15 часот.

Врз основа на констатации од вонреден надзор, Трговското радиодифузно друштво – оператор на кабелска мрежа ВИВА НЕТ ДООЕЛ Берово не постапило по Решението за јавна опомена и за исклучување на реемитување на програмски пакети, односно не го усогласило своето работење со член 141 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради што Советот на Агенцијата покрена прекршочна постапка.

Воедно, Советот донесе две Решенија за изрекување мерка јавна опомена на ЕФ-ЕМ 90.3-Спортско радио ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и ТРД КАПИТОЛ ФМ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на обврската за дневно емитување најмалку 30% музика на македонски јазик во периодот од 06:00 до 00:00 часот. Констатираното прекршување се однесува на член 80 ставови 7, 8 и 9 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а во врска со точка 4 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика.

Со цел да се започне постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2019 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавната набавка на услуга печатарски услуги.

 



Accessibility

Accessibility