Хроника од 42-та седница

Скопје, 17.10.2018 – Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД РТВ ОРБИС Битола ДООЕЛ – во стечај (со претходен назив ТРД РТВ ОРБИС Битола ДООЕЛ), со оглед на фактот дека радиодифузерот не ги исполнил минималните кадровски услови од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување. На денешната седница Советот го усвои дополнувањето на Информацијата за постоење сомневање за сторена повреда на авторските права и сродните права од страна на ОЈЕКМ Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги МУЛТИМЕДИА – НЕТ ДОО Скопје, доставена до  Министерството за внатрешни работи на Република Македонија – Центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал и ја усвои  Информацијата за отстранета недозволена медиумска концентрација кај Друштвото со ограничена одговорност за радио-дифузија Митаноски Веле СУПЕР РАДИО Охрид ДООЕЛ. Исто така донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за определување на траењето на годишниот одмор на вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе Одлука за обновување на 2 кориснички пристапи на електронската база на прописи на „Службен весник на Република Македонија.



Accessibility

Accessibility