1

Хроника од 43-та седница

Скопје, 20.11.2019г. – На вчерашната седница, Советот на Агенцијата донесе Нацрт-годишни плана за вршење програмски и административен надзор за 2020 година, и Нацрт-програма за работа на Агенцијата за 2020 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план за 2020 година). За сите три нацрта отворена е јавна расправа во времетраење од 30 дена, односно до 19.12.2018 година.

Советот на Агенцијата додели дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс на регионално ниво на Друштвото за трговија и услуги КИСС & МЕНАДА ДОО Тетово.

Врз основа на констатации од контролен надзор, каде е утврдено непостапување по претходно донесени Решенија за јавна опомена, Советот на Агенцијата ќе покрене прекршочни постапки против ТРД ТВ Студио ТЕРА Манговски Зоран Битола ДООЕЛ за непочитување на член 64 став 1 и ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија за непочитување на член 92 став 1 од.

Во однос на констатираното непостапување по Решение за јавна опомена, за прекршувањето на член 92 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од страна ТРД Јован Трпески ТВ МОРИС ДООЕЛ Охрид, Советот на Агенцијата донесе заклучок дека согласно законот не постојат услови за поведување на прекршочна постапка.

Воедно, Советот на Агенцијата ги донесе следниве одлуки: Одлука со која се дозволува промена на сопственичката структура на ТРД РАДИО СВЕТИ НИКОЛЕ ДОО Свети Николе, Одлука со која се одобрува ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за 2019 година и Одлука со која се одобруваат средства заради овозможување пристап до податоци на интернет дистрибутивен систем на централен регистар на РСМ и даде одобрение директорот на Агенцијата да спроведе постапка за јавна набавка на предмет стока – набавка на ИКТ опрема.