Хроника од 44-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 29.11.2019г. – На вчерашната седница Советот на Агенцијата, врз основа на констатации од редовен надзор, донесе две Решенија за изрекување на мерка за јавна опомена. Решенијата се однесува на ТРД оператор на кабелска мрежа Скрембл ДООЕЛ Ново Село поради реемитување на нерегистрирани програмски пакети и на ТРД АЛСАТ-М ДОО Скопје поради емитување на програма од четврта категорија (16+)  во несоодветен временски период од деноноќието.

Врз основа на констатации од контролен надзор, каде е утврдено непостапување по претходно донесени Решенија за јавна опомена, Советот на Агенцијата ќе покрене прекршочни постапки против:

  • ТРД Телевизија КАНАЛ-21 ДООЕЛ Велес за прекршување на член 50 став 3 од Законот за аудиовизуелни медиумски услуги и Правилникот за заштита на малолетни лица, и поради прекршување на член 14 од Законот за медиуми и Упатството за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците
  • ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија за прекршување на член 50 став 3 од Законот за аудиовизуелни медиумски услуги и Правилникот за заштита на малолетни лица, и поради  прекршување на член 51 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Упатството за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците.

Согласно најновите измени на Законот за исплата на плати во Република Северна Македонија, Советот на Агенцијата донесе Правилник за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој ќе почне да се применува од 01 декември 2019 година.



Accessibility

Accessibility