Хроника од 44-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 11.09.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа Извештаите од мониторингот на програмските сервиси ТВ Боем Кичево емитуван на 21 јули и Лајф Радио Скопје емитуван на 23 јули. Во анализираните денови не се констатирани прекршувања на програмата кај двата споменати радиодифузери.

СРД ја усвои Информацијата за барањето за согласност за промена на сопственичката структура на ТРД Радио Актуел Битола. Со оглед на тоа дека не постојат законски пречки, односно не се создава недозволена медиумска концентрација, Советот издаде одобрение за промена на сопственичката структура на споменатиот радиодифузер.

СРД ги усвои Информациите за отстранета недозволена медиумска концентрација кај ТРД Радио Мерак 5 ФМ Љупчо и Владимир ДОО Велес и кај ТРД РТВ Орбис Битола ДООЕЛ. Овие два радиодифузери во предвидениот рок го усогласија своето работење со одредбите од Законот за радиодифузната дејност.

СРД ја усвои Информацијата за извршена промена на сопственичката структура на основачот на ТРД Радио Канал 77 ДООЕЛ од Штип и заклучи дека за промена на сопственичката структура кај правните лица кои се основачи на радиодифузери не е потребна согласност од страна на Советот за радиодифузија, па оттука, со оваа промена не се направени прекршувања на Законот за радиодифузната дејност. 

СРД ја усвои Информацијата по дописот на регионалниот радиодифузер ТРД ТВ ЕДО, село Љубин, Сарај, бр. 03-2876/4 од 22.07.2013 година, во врска со мониторингот на Советот за радиодифузија на емитувана филмска програма од страна на овој радиодифузер, во времето од 09.06.2013 до 16.06.2013 година и го заклучи следново:

  • Запирање на поведената прекршочна постапка согласно Заклучокот на Советот бр.02-2906/5 од 01.07.2013 година, против ТРД “ТВ-ЕДО” ДООЕЛ, с.Љубин, Сарај, со оглед на промената на обемот и содржината на сторени казниви дејствија/пропуштања.
  • Поведување на нова прекршочна постапка, односно спроведување постапка за порамнување, пред да се поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд, за филмовите за кои е одбиен приговорот на ТРД “ТВ-ЕДО” ДООЕЛ, с.Љубин, Сарај, односно за продолжен прекршок сторен со емитување на следните филмови:

 – игран филм „Blood crime“, без превод на насловот при најавата, на ден 10.06.2013 година, со почеток во 20,30 часот;

 – анимиран филм Мerrie Melodies/The Bashfull Buzzard, најавен како „Стидљиви лешинар“, на ден 12.06.2013 година, со почеток во 8,56 часот; и

 – игран филм „Lethal weapon“ („Смртоносно оружје“) од 1989 година, на ден 15.06.2013 година, со почеток во 23,08 часот,

кој се состои во емитување програми без уредени авторски права и сродни права, што е спротивно на член 77 став 1 од Законот за радиодифузната дејност.

СРД ја усвои Информација за РД НАША ТВ Скопје и РТД ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ Прилеп, по иницирана постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност. Советот донесе заклучок за запирање на иницираната постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на споменатите радиодифузери, кои по иницирањето на постапката за одземање на дозволата, а пред донесувањето на одлуката на Советот, извршиле плаќање на надоместокот.

Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа KТВ ПЕШНА Македонски Брод ул.Партизанскабр.1 Македонски Брод, Потврда бр.2со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: МТВ 1, МТВ 2, Собранискиканал, Телма, Сител, Сител 3, Канал 5, Канал 5 плус, Алфа ТВ, Наша ТВ, 24 Вести, ТВ Сонце, B 92 info, Svet plus, Kopernikus TV, KopernikusMjuzik, Palma Plus, Studio B, Happy TV, Duga TV, Spektrum TV, HD Mjuzik, DM Sat, Astro TV, Top Music, SOS Kanal, Alternativna TV, Valentino TV, Atlas TV, Fen TV, Balkanika TV, Planeta, Rodina, Russia Today, Russia TodayDoc, TV Soko.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа КРАТЕЛ САТ Виница ул.Славчо Стојменски бр.32 Виница, Потврда бр.6 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Канал 5, Телма, ТВ Сонце, Atlas TV, Planeta, Russia Today, Russia Today, Doc, HD Mjuzik, Happy TV, Kopernikus TV, Kopernikus Mjuzik, Svet Plus, B92 Info и Soko TV.

-на ТРД оператор на кабелска мрежа КАБЛЕ КАЛ Кичево ул.Тане Цалски бб Кичево, Потврда бр.3 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Канал 5, Klasik TV, Kanal D, Star TV, Balkanika, Fen TV, Sport Klub, Sport Klub +, SK Prime, Golf Klub, Fishing and Hunting, Ultra, Cinemania, Mini Ultra, IQS Live, Tring Maks, Tring Super, Tring Life, Tring Comedy, Tring Fantasy, Tring Planet, Tring World, Tring History, 3 Plus, Living, Tring Shqip, Tirana TV, 7 News, Folk Plus, BBF, Tring Tring, TIP TV, Tring Sport News, RTV 21, Vizion Plus, X – Tring, Top channel, Klan TV, Sport News, Digi Plus, Film Aksion, Film Komedi, Top News, Scan TV, Exn.Natyre, Bang Bang, Cufo TV, T-Channel, My music, HRT 3, TV Soko, Russia Today, Russia Today Doc, Russia Today HD и Russia Today Doc HD.

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Скопје, ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр.23 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: Скај Нет.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа Г-ОН Дебар TЦ АЛФА-Д Дебар, Потврда бр.7 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Канал 5, Klasik TV, TV Alsat Sha, Super Sonic, Planeta, Balkanika, Fen TV, Sport Klub, Sport Klub +, SK Prime, Golf Klub, Fishing and Hunting, Ultra, Cinemania, Mini Ultra, IQS Live, Tring Maks, Tring Super, Tring Life, Tring Comedy, Tring Fantasy, Tring Planet, Tring World, Tring History, 3 Plus, Living, Tring Shqip, Tirana TV, 7 News, Folk Plus, BBF, Tring Tring, TIP TV, Tring Sport News, RTV 21, Vizion Plus, X – Tring, Top channel, Klan TV, Sport News, Vizion Plus, X – Tring, Top channel, Klan TV, Sport News, Digi Plus, Film Aksion, Film Komedi, Top News, Scan TV, Exn.Natyre, Bang Bang, Cufo TV, T-Channel, My music, DM Sat, TV Soko, Russia Today, Russia Today Doc, Russia Today HD и Russia Today Doc HD.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа Г-КТВ Струга подружница Желино, Потврда бр. 2 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Канал 5, Klasik TV, TV Alsat Sha, Super Sonic, Planeta, Balkanika, Fen TV, Sport Klub, Sport Klub +, SK Prime, Golf Klub, Fishing and Hunting, Ultra, Cinemania, Mini Ultra, IQS Live, Tring Maks, Tring Super, Tring Life, Tring Comedy, Tring Fantasy, Tring Planet, Tring World, Tring History, 3 Plus, Living, Tring Shqip, Tirana TV, 7 News, Folk Plus, BBF, Tring Tring, TIP TV, Tring Sport News, RTV 21, Vizion Plus, X – Tring, Top channel, Klan TV, Sport News, Digi Plus, Film Aksion, Film Komedi, Top News, Scan TV, Exn.Natyre, Bang Bang, Cufo TV, T-Channel, My music, DM Sat, TV Soko, Russia Today, Russia Today Doc, Russia Today HD и Russia Today Doc HD.

-наТРД – оператор на кабелска мрежа Г-КТВ Струга TЦ Безистен бб Струга, Потврда бр. 7 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси:Канал 5, Klasik TV, TV Alsat Sha, Super Sonic, Planeta, Balkanika, Fen TV, Sport Klub, Sport Klub +, SK Prime, Golf Klub, Fishing and Hunting, Ultra, Cinemania, Mini Ultra, IQS Live, Tring Maks, Tring Super, Tring Life, Tring Comedy, Tring Fantasy, Tring Planet, Tring World, Tring History, 3 Plus, Living, Tring Shqip, Tirana TV, 7 News, Folk Plus, BBF, Tring Tring, TIP TV, Tring Sport News, RTV 21, Vizion Plus, X – Tring, Top channel, Klan TV, Sport News, Digi Plus, Film Aksion, Film Komedi, Top News, Scan TV, Exn.Natyre, Bang Bang, Cufo TV, T-Channel, My music, DM Sat, TV Soko, Russia Today, Russia Today Doc, Russia Today HD и Russia Today Doc HD.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа КАБЕЛ Л НЕТ Лабуништа Потврда бр. 5 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси: ТВ Алфа, Телма, ТВ Калтрина, TV Palma Plus, Soko, Alternativna TV, TV1, Planeta, Rai uno, RTL, SAT 1, Prosieben и Kanal D.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Аналоген збирен пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Св.Николе, Струмица, Кочани,Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр.2 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси: ТВ Алсат-М, ТВ Амазон и ТВ Кочани.

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр.46со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси: Discovery, TLC, Animal Planet, ID, Discovery World, Discovery Science, Showcase HD, Animal HD и Science HD.



Accessibility

Accessibility