Хроника од 45-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 10.12.2019г. – На 45та седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување финансиска помош-донација за санирање на последиците од земјотресот во градот Драч, Република Албанија.

Врз основа на констатации од надзор каде е утврдено непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, Советот на Агенцијата донесе 8 Решенија за изрекување на мерка за јавна опомена на следниве радиодифузери:

  • ТРД АЛСАТ-М поради непочитување на член 64 став 1 од ЗААВМУ (емитување на промотивни најави изворно на англиски и индиски јазик, без превод на албански или македонски јазик).
  • ТРД КАНАЛ 5, ТРД АЛФА ТВ, ТРД МАКПЕТРОЛ поради непочитување на член 98 од ЗААВМУ и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники (поп-ап реклами).
  • ТРД АЛФА ТВ поради непочитување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетните лица (не означување со сигнализација за заштита на малолетните лица).
  • ТРД МАКПЕТРОЛ поради непочитување на член 14 од Законот за медиуми (необјавување на податоци за импресум).
  • ТРД ТВ НОВА Гевгелија за непочитување на член 64 став 3 и член 92 став 3 од ЗААВМУ (емитувани кратки разговори на англиски јазик без превод на македонски јазик и не емитување најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма).

Радио Канал 77 и покрај донесеното Решение за изрекување мерка – јавна опомена продолжи со вршење на повредата од член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, а во врска со точка 4 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување на домашна музика, поради што Советот на Агенцијата донесе Решение со коешто го задолжи ТРД Радио КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип да го отплати износот за којшто на почетокот од годината му беше намален надоместокот за дозвола за 2019 година.

Советот на Агенцијата донесе Одлука за распишување на јавен оглас за засновање на работен однос и за спроведување на постапка за вработување во Стручната служба на Агенцијата за аудио  аудиовизуелни медиумски услуги.

Со цел да се започне постапка за јавна набавка на услуга одржување на противпожарна-спринклер инсталација и ПП апарати, Советот на Агенцијата даде одобрение за нејзино спроведување. Воедно, донесе и Одлука за одобрување на финансиски средства за претплата на !Службен весник на Република Северна Македонија“ во печатена форма за 2020 година.

 



Accessibility

Accessibility