Хроника од 47-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 20.12.2018г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата ги донесе Годишните планови за вршење програмски и административен надзор за 2019 година и ја усвои Програмата за работа на Агенцијата за 2019 година (со Програма на планирани активности и  Финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година).

Воедно, Советот донесе и Одлука за објавување на јавен конкурс за избор на заменик на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Одлука за формирање на Комисија за евалуација и административна селекција на кандидатите по објавениот јавен конкурс за избор на заменик на директорот.



Accessibility

Accessibility