Хроника од 47-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 26.12.2019г. – На вчерашната седница, Советот на Агенцијата ги донесе Годишните планови за вршење програмски и административен надзор за 2020 година и ја усвои Програмата за работа на Агенцијата за 2020 година (со Програма на планирани активности и Финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година).

Врз основа на констатации од надзор каде е утврдено непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата донесе 6 Решенија за изрекување на мерка за јавна опомена на следниве радиодифузери:

  • ТРД СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје поради непочитување на член 98 став 2 и член 50 став 3 од ЗААВМУ, член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники и член 17 од Правилникот за заштита на малолетни лица.
  • ТРД НОВА ДОО Гевгелија поради непочитување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 16 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  • ТРД КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје поради непочитување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
  • ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ Тетово за непочитување на член 64 став 3 и член 55 став 5 од ЗААВМУ.

ТРД КАПИТОЛ ФМ и покрај донесеното Решение за изрекување мерка – јавна опомена, со контролниот надзор е констатирано дека продолжил со вршење на повредата од член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, а во врска со точка 4 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување на домашна музика, поради што Советот на Агенцијата донесе Решение со коешто го задолжи ТРД КАПИТОЛ ФМ ДООЕЛ Скопје да го доплати износот за којшто на почетокот од годината му беше намален надоместокот за дозвола за 2019 година.

Врз основа од констатации од контролен надзор Советот на Агенцијата констатираше дека ТРД РАДИО ЗОНА М-1 ДООЕЛ Скопје нема обврска за доплата на износот за кој што на почетокот на годината му беше намален надоместокот за дозволата.

Согласно конечниот извештај од извршена ревизија врз управувањето на човечките ресурси во Агенцијата, Советот на Агенцијата донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за стручно усовршување, дообразување и специјализација на вработените во Стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во врска со известување за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на Трговското радио-дифузно друштво ЈОН-РАДИО ДООЕЛ Струга.

 



Accessibility

Accessibility