Хроника од 49-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 08.10.2013- Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа Извештаите од мониторингот на програмските сервиси на ТВ Канал 5, ТВ Сител и ТВ Телма емитувани на 1 септември 2013 година и заклучи да постапи на следниов начин:

–  на ТВ Сител и изрече две писмени опомени: едната за неисполнување на обврската за емитување најмалку 30% програма изворно создадена на македонски јазик; втората за емитување рекламни спотови во вести;

 – на ТВ Телма и изрече укажување за неисполнување на обврската за емитување најмалку 30% програма изворно создадена на македонски јазик.

Кај програмскиот сервис ТВ Канал 5 не се констатирани прекршувања на Законот за радиодифузната дејност и на подзаконските акти.

СРД ја усвои Информацијата во врска со постапката за спроведување извршување заради наплата на парично побарување (годишни надоместоци за дозволата вршење радиодифузна дејност) на Советот за радиодифузија кон должникот ТРД „Перспектива ТВ“ ДООЕЛ Скопје врз основа на веродостојна исправа и заклучи да не се пристапува кон извршување врз подвижен имот, да не се запира извршувањето од сметката на должникот – ТРД „ПЕРСПЕКТИВА ТВ“ ДООЕЛ Скопје, така што носителот на платен промет да го држи налогот за извршување во евиденција и според него да изврши пренос при евентуално пристигнување средства на неговата сметка, за што Советот ќе го извести со допис извршителот.

СРД ја усвои Информацијата во врска со промената на покриеноста со сигнал на ЈП „Македонска радиотелевизија„ во места ослободени од плаќање радиодифузна такса согласно известувањето бр.03-3214 од 27.09.2013 година на ЈП „Македонска радиотелевизија”, со Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на радиодифузна такса.

Советот заклучи да и предложи на Владата на РМ да донесе Одлука за ослободување од плаќање радиодифузна такса на домаќинствата на ул.„Верациривири“, Велес, вкупно 56 (педесет и шест) и на домаќинствата во с.Саса, општина Македенска Каменица, вкупно 58 (педесет и осум) во месностите: Саса1, Саса2, маало Мршалевци, маало Ризанци и маало Грујовци.

СРД ја усвои Информацијата за извршени промени на целосниот назив, краткото име, седиштето и управителот на Трговското радиодифузно друштво КИКИ Илија ДООЕЛ Струга. Советот заклучи да му укаже на споменатиот радиодифузер во рок од седум дена од денот на приемот на дописот да достави примерок од неговиот идентификационен знак и податоци за главниот и одговорен уредник.

Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа АС САТ Гостивар, Потврда бр. 1 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: МТВ 1, МТВ 2, MТВ 3, Телма, Алсат М, Тв Коха(регионалнo), Г-Тв (локална), Тв Дуе (локална), Tring Super, Tring Sport, Folk Plus, Tring World, Mediasat (scan), Tring Comedy, Tring Shqip, Tring Tring, NTV, Vizion Plus, Kanal 7, 3 Plus, Tring Max, Tring Life, Club TV, X Tring и Tring Planet;

– на Македонски Телеком АД Скопје, Потврда бр. 47со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: ТВ Хана, Al Jezeera и Playboy;

– на Друштво запроизводство, трговија и услуги БТВ – НЕТ Битола, Потврда бр.3со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Алсат М, VH1, Reality, Channa OneRussia Worldwide, Orlando Klinci и Universal Channel;

 – на Друштво запроизводство, трговија и услуги СПЕЈС ТЕЛ НЕТ ДООЕЛ с.Кадино Скопје,Потврда бр. 4 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Алсат М, Канал 5, Balkanika TV, Fen, Sport Klub, Sport Klub +, Cinemania, Golf Klub, Fashing andHunting, Ultra и VH 1;

– на Друштво за промет производство и услуги ФИБЕРНЕТВОРКС ДООЕЛ Скопје, Потврда бр.2 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Алсат М, Алфа ТВ, Наша ТВ, History и Crime andinvestigation Network.



Accessibility

Accessibility