Хроника од 5-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 09.02.2022 година – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука со која одобри зголемување на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022-ра година и даде одобрување на директорот на Агенцијата да го донесе Годишен план за спречување на корупција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година.

Врз основа на констатации од редовен програмски надзор Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на Македонски Телеком Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје, за реемитување на програмскиот сервис „ALB Music“ кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси, што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ.

Советот на Агенцијата му одобри на директорот на Агенцијата да донесе Одлука со која ќе се усвојат Конечниот извештај и Пописните листи од извршениот попис во Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги за 2021 година.



Accessibility

Accessibility