Хроника од 51-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 08.11.2012- На денешната седница, Советот за радиодифузија (СРД) ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси на ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Алсат-М и ТВ Телма  и заклучи да ги изрече следниве мерки :

 

–    На ТВ Канал 5 писмена опомена за емитување програма во термин несоодветен за малолетната публика и писмена опомена за неисполнување на обврската за емитување најмалку 30% програма изворно создадена на  македонски јазик;

–    На ТВ Сител писмена опомена за емитување реклами во истиот реален час кога е емитуван телешопинг прозорец и писмена опомена за неозначување и неиздвојување на телешопингот од другите делови на програмата со оптички или акустички средства;

–    На ТВ Телма укажување за неисполнување на обврската за емитување најмалку 30% програма изворно создадена на  македонски јазик;

–    На програмата на ТВ Алсат – M, во анализираниот ден не се забележани прекршувања.

СРД ја одобри бараната промена на сопственичката структура на ТРД ТИКВШИЈА ДООЕЛ од Кавадарци.

СРД изврши дополнување на регистрираните пакети на БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје и издаде 6 потврди за регистрација на програмски сервиси и тоа:  за град Скопје – Потврда за регистриран аналоген програмски пакет бр. 18 – за програмскиот сервис  Б92;  за гардовите Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип – Потврда за регистриран дигитален програмски пакет бр.29 – за програмскиот сервис ТВ Соко, за град Штип – Потврда за регистриран аналоген програмски пакет бр .15 за програмскиот сервис – Б92 Инфо, за град Велес – Потврда за  регистриран аналоген програмски пакет бр. 17 за програмскиот сервис Б92 Инфо, за град Скопје – Потврда за регистриран дигитален програмски пакет бр 30 – за програмскиот сервис Б92 Инфо, за град Прилеп – Потврда за регистриран аналоген програмски пакет бр 19,  за програмскиот сервис Б92 Инфо.



Accessibility

Accessibility