Хроника од 59-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 20.11.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата за ТРД Радио Фокус ДООЕЛ Тетово, по иницирана постапказа одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност. Советот донесе заклучок за запирање на иницираната постапка за одземање на дозволата, бидејќи радиодифузерот по иницирањето на постапката за одземање на дозволата, а пред донесувањето на одлуката на Советот, извршилплаќање на надоместокот.

СРД ја усвои Информацијата за барањето за согласност за промена на сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво СПОРТСКО РАДИО КАНАЛ 4 ДООЕЛ Скопје. Со оглед на тоа дека не постојат законски пречки, односно не се создава недозволена медиумска концентрација, Советот издаде одобрение за промена на сопственичката структура на споменатиот радиодифузер.

СРД ја усвои Информацијата за непоседување на валидни договори за реемитување на телевизиските програмски сервиси од платформата на Discovery Networks (Discovery Channel, Animal Planet и TCL). Повикувајќи се на информацијата добиена од фирмата Discovery Communications Europe Ltd, Советот донесе заклучок на операторот на јавни комуникациски мрежи ГИВ ДОО Гостивар да му упати писмен допис, дека повеќе немаат право да ги реемитуваат програмските сервиси Discovery Channel, Animal Planet и TCL и да му се упати налог за нивно исклучување. Воедно, на ГИВ ДОО Гостивар ќе му биде издаде нова потврда за регистриран програмски пакет, во која нема да бидат содржани програмските сервиси на Discovery Networks.

СРД ја усвои Информацијата во врска со нереализираната промена на сопственичка структура за која беше побарано одобрение од страна на ТРД РАДИО АКТУЕЛ Битола ДООЕЛ.

СРД ја усвои Информацијатапо повод барањето на ТРД TВ Чегране Медиа, село Чегране, Гостивар, за реемитување на неговиотпрограмски сервис во програмските пакети на кабелскиот оператор AС САТ ДОО – Гостивар и ИПТВ операторот Македонски телеком АД – Скопје. Советот донесе заклучок да се обрати со допис до кабелскиот оператор AС САТ ДОО – Гостивар и ИПТВ операторот Македонски телеком АД – Скопје, со кој ќе им препорача да го реемитуваат телевизискиот програмски сервис на регионалниот радиодифузер ТРД TВ Чегране Медиа, село Чегране, Гостивар.



Accessibility

Accessibility