Хроника од 6-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 10.02.2016г. – Поради прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност во утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена постапки за одземање на дозволите за вршење радиодифузна дејност на Телевизија СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп и Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје.

На денешната седница, Советот го прифати предлогот на директорот и донесе одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТВ ЕМИ ДООЕЛ Радовиш, поради прекршување на член 13 став 3, а во врска со став 6 од истиот член од Законот за медиуми.

Советот на Агенцијата даде одобрение директорот да донесе одлука за усвојување на Извештај и пописни листи од извршен попис на средства, обврски и побарувања на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година и за отпис на основни средства.    



Accessibility

Accessibility