Хроника од 6-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 08.02.2018г. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ Студио ТЕРА Манговски Зоран Битола ДООЕЛ. Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно неплаќање на надоместокот за дозволата за телевизиско и радио емитување во законски утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена 15 постапки за одземање на дозволата на следните радиодифузери: ТРД ТВ ЕРА ДООЕЛ Скопје, ТРД КАНАЛ ЕДЕН ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Велес, ТРД К ТРИ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Куманово, ТРД КАНАЛ – 21 ДООЕЛ Велес, Трговско друштво за радиодифузна дејност СПЕКТРА, Oпштина Лабуништа ДООЕЛ, ТРД ТВ-АНИСА ДООЕЛ с.Пласница-Пласница, ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар, ТРД Радио КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип, Трговско радио-дифузно друштво РАДИО АКОРД ДООЕЛ Кичево, Трговско радиодифузно друштво РАДИО БУМ ДООЕЛ Куманово, Трговско радиодифузно друштво Иванчо Пашоски РАДИО ЛАВ ДООЕЛ Охрид, ТРД РАДИО 5 ЧОКИ ДООЕЛ Прилеп, Трговско радио дифузно друштво РАДИО ФАМА ДОО Тетово, Трговско радиодифузно друштво РАДИО РЕД ФМ ДООЕЛ Тетово и Непрофитна радиодифузна установа УНИВЕРЗИТЕТСКО РАДИО УГД ФМ.

 



Accessibility

Accessibility