Хроника од 7-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 12.02.2018г. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Радиодифузното трговско друштво ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп.

Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно неплаќање на надоместокот за дозволата за телевизиско и радио емитување во законски утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена 6 постапки за одземање на дозволата на следните радиодифузери: ТРД ТВ Кисс Злате ДООЕЛ Тетово, ТРД Т.В. КАЛТРИНА Мазар Татеш Струга ДООЕЛ, ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, ТРД ТВ ЗДРАВКИН Ангелче Здравкин ДООЕЛ Велес, ТРД ХЕПИРАДИО ДООЕЛ Скопје и ТРД СКАЈ РАДИО ПЛУС ДООЕЛ Берово.



Accessibility

Accessibility