Хроника од 8-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 23.02.2016г. – Поради целосно извршена уплата на надоместокот за дозволата, Советот донесе 10 Заклучоци за запирање на покренати постапки за одземање на дозволата за телевизиско и радио емитување на следните радиодифузери: ТЕЛЕВИЗИЈА КАНАЛ 8 ДООЕЛ Кочани, РАДИО УСКАНА-ПЛУС увоз-извоз ДООЕЛ Кичево, ТВ КАНАЛ 21 ДООЕЛ Велес, ТВ ИНТЕЛ ДОО Струмица, РАДИО РЕД ФМ ДООЕЛ Тетово, ТВ-АНИСА ДООЕЛ с.Пласница, ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп, РАДИО КИСС ДООЕЛ Тетово, РАДИО ВАТ ДООЕЛ Скопје и Радио СТРЕЕТ ФМ ДОО Скопје.

Советот на Агенцијата покрена постапки за одземање на дозволите за телевизиско и радио емитување, поради прекршување на член 80 став 5 на радиодифузерите: ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје и РА РФМ ДООЕЛ Скопје.  

Воедно, Советот ги донесе Планот за дополнување на Планот за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на службени мобилни телефони и 3Г УСБ модем во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со цел да се започнат постапки за јавни набавки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2016 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот даде одобрение за спроведување на следниве јавни набавки: кабли и електрична опрема за потребите на Агенцијата, пијалаци и потреби за кујна и канцелариски материјали.   



Accessibility

Accessibility