Хроника од 8-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 14.02.2020 – На денешната седница Советот на Агенцијата поради прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозвола за вршење радиодифузна дејност во утврдениот рок, покрена 22 постапки за одземање на дозволата за телевизиско или радио емитување, на следниве радиодифузери: АЛФА ТВ Скопје, ТВ ЕРА Скопје, ТВ НОВА Гевгелија, ТВ КОЧАНИ-ЛД Кочани, ТВ ЗДРАВКИН Велес, Т.В. КАЛТРИНА Струга, СПЕКТРА Општина Лабуништа, ТВ АНИСА с.Пласница, ТВ КАНАЛ-21 Велес, РА КАНАЛ 77 Штип, РА АРАЧИНА с.Арачиново, РА БИ-КИ-АЛ Битола, Универзитетско радио УКЛО ФМ Битола, РА БРАВО Куманово, РА ЕКО Пробиштип, Универзитетско радио УГД ФМ Штип, РА ВАТ Скопје, РА ДРИНИ Струга, РА Александар Македонски Кичево, РА СКАЈ РАДИО ПЛУС Берово, РА Б-97 Битола и РА ЗОНА М-1 Скопје.

Советот донесе Решение за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Телевизија МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје поради прекршување на членот 50 став 3 од ЗААМУ и на членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица, односно поради погрешно категоризирање и означување на програма емитувана во несоодветен временски период од деноноќието.

Се усвои и Информацијата за Нацрт ревизија на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА) 2020-2023.

Воедно, се донесе заклучок за давање одобрување на  директорот на Агенцијата за спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка на услуга одржување на интегриран софтвер за правно, финансиско и економско работење.



Accessibility

Accessibility