Хроника од 9-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 21.02.2020 – На денешната седница Советот на Агенцијата поради прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозвола за вршење радиодифузна дејност во утврдениот рок, покрена 4 постапки за одземање на дозволата на следниве радиодифузери: ТВ Амазон Скопје, ТВ Шутел Скопје, РА Капитол ФМ Скопје и РА МХ-Охрид.

Воедно Советот на Агенцијата донесе и 13 Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозволата за вршење на радиодифуна дејност на следниве радиодифузери: ТВ Спектар општина Лабуништа, ТВ Нова Гевгелија, ТВ Аниса с.Пласница, ТВ ЕРА Скопје, ТВ Алфа Скопје, ТВ Здравкин Велес, Универзитетско радио УКЛО ФМ Битола, Универзитетско радио УГД ФМ Штип, РА Ват, РА Зона-М1, Скај радио Плус Берово, РА Арачина с.Арачиново и РА Александар Македонски Кичево.



Accessibility

Accessibility