Хроника од 9-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 26.02.2016г. – Поради плаќање на годишниот надоместок за дозволата за радио и телевизиско емитување во целост, Советот на Агенцијата донесе 5 Заклучоци за запирање на покренати постапки за одземање на дозволата на следните радиодифузери: ТВ СКОПЈЕ ДОО Скопје, ЏЕЗ фм Љупчо ДООЕЛ Скопје, БИ-КИ-АЛ ДООЕЛ Битола, ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга, РАДИО ВАЛАНДОВО ДОО Валандово.

На 09-та седница, Советот ја усвои Информацијата за дополнување на Пописната листа на основните средства на Агенцијата за 2015 година и Пописната листа предлог за отпис/расход на инвентар и опрема, донесе една Одлука за усвојување на Годишната сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на локациите за прибирање сигнали од операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.

Со цел да се започнат постапки за јавни набавки, Советот даде одобрение за спроведување на две јавни набавки и тоа: набавка на ИКТ средства за потребите на Агенцијата и за услугата – миење на службените возила на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility