Завршени расправи во 2015 година

Завршена јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата и Нацрт-годишните планови за вршење административен надзор и програмски надзор за 2016 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 16 ноември 2015 година отвори јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 годинa, Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор за 2016 година, и Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор за 2016 година.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни, да учествуваат во јавната расправа со свои мислења и предлози во писмена форма, и истите да ги достат по електронски пат на m.dovleva@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје. Јавната расправа траеше до 17 декември 2015 година.

Доставени предлози за измени и дополнувања на Нацрт-Програмата за работа на Агенцијата за 2016 година:

– Предлог за измени и дополнувања од Зоран Фиданоски, член на Советот на Агенцијата.
Добиени мислења и коментари по Нацрт-програмата за работа за 2016 година и ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
– Коментарите од Македонски Телеком по Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година може да се преземат на линкот download
– Предлогот за измени и дополнувања на Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година, донесен на 36-та седница на Советот на Агенцијата одржана на 16.11.2015 може да се преземе на линкот download



Accessibility

Accessibility