Јавна расправа за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистарaција на програмски пакети/сервиси
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 23 ноември 2018 година отвори јавна расправа за утврдување на потребата за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси.
Агенцијата ги повика сите заинтересирани и засегнати страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.
Јавната расправа траеше до 22 декември 2018 година.
Предлог Правилник доставен од Македонски Телеком АД – Скопје
Предлог за измени на Правилникот доставен од Македонската медиумска асоцијациа (ММА)
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 24 август 2018 година отвори јавна расправа за текстот на Нацрт-Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.
Потребата за овој документ произлезе од измените во Изборниот Законик поврзани со изборното медиумско претставување и надлежностите на Агенцијата, а во него се содржани сите релевантни одредби за медиумското претставување за време на избори и се прецизира начинот на кој Агенцијата го врши мониторингот.
Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа, најдоцна до 22 септември 2018 година, и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.
Јавна расправа за Нацрт-Упатство за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во период од 27 jули до 27 август отвори јавна расправа за текстот на Нацрт-Упатство за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците.
Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа, и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.
Добиените мислења и коментари од јавната расправа се достапни на следните линкови:
Мислење и забелешки во однос на Нацрт-Упатство за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците од Македонско радио, Радио Скопје
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во периодот од 31 јули до 17 август отвори јавна консултација за текстот на Нацрт-препораките за медиумското известување на радиодифузерите за време на референдумот.
Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни, а особено медиумите, со свои конструктивни забелешки и релевантни предлози да учествуваат во јавната консултација, и истите во писмена форма да се достават по електронски пат на contact@avmu.mk.
Мислење и забелешки за Нацрт-препораките достави ТВ 24 Вести и истите се достапни на линкот:
Јавна расправа за Предлог-упатство за надзор на спроведувањето на програмскиот концепт
Во периодот од 23 до 30 април 2018 година Агенцијата отвори јавна расправа за Предлог-упатство за надзор на спроведувањето на програмскиот концепт, за кој ги повика сите заинтересирани страни да учествуваат во јавната расправа за овој документ. Мислењата и предлозите во писмена форма можеа да се достават по електронски пат на contact@avmu.mk.
Потребата за Предлог-упатството произлезе од вонредниот надзор за почитувањето на член 67 став 6 од ЗААВМУ, кој пропишува дека радиодифузерите се должни во текот на една недела да исполнуваат 80% од програмскиот концепт за кој им е доделена дозволата за радио или ТВ емитување. Надзорот укажа дека е потребно е да се објасни како ќе се пресмета дали радиодифузерот во текот на една недела исполнува 80% од програмскиот концепт.