Завршени расправи во 2021 година 

Завршена  јавна расправа за Нацрт-Упатство за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021

На 24-та седница за 2021 година, одржана на 1 септември Советот на Агенцијата усвои Нацрт-Упатство за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021.

Во него се утврдува начинот на примена на членот 75-ѓ ставови 1 и 2 од Изборниот законик за Локалните избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, со цел да се обезбедат прецизни правила за дозволеното времетраење на платеното политичко рекламирање на реален час емитувана програма кај радијата и телевизиите.

Агенцијата ги повика сите регистрирани политички партии, независни кандидати за градоначалници/советнички листи, радиодифузери и други заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше до 16 септември 2021 година.

Нацрт – Упатството за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021 е достапно на линкот.

Добиени мислења и коментари за Нацрт – Упатството за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021 

Мислење од Канал 5 Телевизија – 02.09.2021

Мислење од политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија – 06.09.2021

Известување за Нацт-Упатството за ППР од Демократска партија на турците – 9.09.2021

Мислење од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ – 14.09.2021

 

Завршена јавна расправа за НАЦРТ-Правилник за изменување и дополнување на правилникот за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма

Советот на Агенцијата на 13-та седница одржана на 18 мај, усвои НАЦРТ-Правилник за изменување и дополнување на правилникот за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма. По текстот за Нацрт-измената на Правилникот е отворена јавна расправа во траење од 30 дена.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани и засегнати страни со свои мислења и предлози да учествуваат на јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше до 17 јуни 2021 година.


Завршена јавна расправа за Нацрт-измена на Планот за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на ОЈЕКМ

Советот на Агенцијата на 10-та седница одржана на 12 април, усвои Нацрт-измена на Планот за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите. По текстот за Нацрт-измената на Планот е отворена јавна расправа во траење од 30 дена.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани и засегнати страни со свои мислења и предлози да учествуваат на јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресите contact@avmu.mk и arben.saiti@avmu.mk

Јавната расправа траеше до 13 мај 2021 година.

Известување од Агенцијата за електронски комуникации во врска со Нацрт-измената на Планот за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на ОЈЕКМ



Accessibility

Accessibility