Завршени расправи во 2025 година 

Завршена Јавна консултација за Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025

Советот на Агенцијата на 11-та седница одржана на 24 септември 2025 година усвои Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025.

На изработката на документот претходеа повеќе консултации со институциите кои имаат надлежности поврзани со изборите – ДИК, ДКСК и Државниот завод за ревизија. За констатираните непрецизности во Изборниот законик кои влијаат на распределбата на времето за ППР кај радиодифузерите и за исплата на буџетските средства за ППР од страна на ДИК, четирите институции со заеднички допис го информираа и Собранието на РСМ.

Нацрт-Упатството има за цел да ја појасни примената на одредбите од Изборниот законик коишто се однесуваат на радиодифузерите за Локалните избори 2025. Станува збор за распределбата на времето за платено политичко рекламирање (ППР), означување на нарачателот на рекламирањето, распределбата на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал и за обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни да учествуваат во јавната консултација и своите мислења и предлози за Нацрт-упатството да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mkнајдоцна до 25 септември 2025 година (четврток) до 16:30 часот.

Доставени предлози и забелешки за Нацрт-Упатството и став на Агенцијата по истите

Доставен предлог за Нацрт-Упатството за Локални избори 2025 од ТВ Сител – 25.09.2025

Завршена јавна расправа за Нацрт-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање

Советот на Агенцијата на 5-та седница одржана на 21 јули 2025 година усвои Нацрт-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.

Агенцијата на 22 јули отвори јавна расправа за Нацрт-Упатството и ги повикува сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше 45 дена, заклучно со 5 септември 2025 година.


Завршена јавна расправа за Нацрт-упатството за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 7 јули 2025 година отвори јавна расправа за Нацрт-упатство за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка.

Измената и дополнувањето на Упатството произлегува од измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 2023 година и измените од Законот за медиуми од 2025 година. Целта на овие промени е во Упатството да се утврдат рокови за постапување по мерките јавни опомени за новите субјекти (онлајн медиуми-интернет портали и даватели на услуга платформа за споделување видеа). Додадени се и рокови за новите одредби од ЗААВМУ за обезбедување пристапност до содржините на лицата со попреченост и за заштита на личните податоци на малолетните лица, како и предложено е усогласување на времетраењето на роковите за сите субјекти.

Агенцијата ги повика онлајн медиумите-интернет порталите, давателите на услуга платформа за споделување видеа, операторите на јавна електронска комуникациска мрежа, сите радиодифузери и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше 60 дена, заклучно со 4 септември 2025 година.


Завршена јавна расправа за Нацрт-Деловникот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Советот на Агенцијата на 5-та седница одржана на 21 јули 2025 година донесе Нацрт-Деловник за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа за Нацрт-Деловникот и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше 30 дена, заклучно со 20 август 2025 година. 


Добиени предлози и забелешки за Нацрт-Деловникот и став на АВМУ по истите

Став на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по добиени предлози од членовите на Советот на Агенцијата за Нацрт-Деловникот за работа на Агенцијата – 30.07.2025

Забелешки во врска со Нацрт-Деловникот од Трајче Костов – 19.08.2025


Завршена јавна расправа за упис во Регистарот на издавачи на онлајн медиуми и начинот на водење на Регистарот

Советот на Агенцијата на денешната 19-та седница, усвои Нацрт – Правилник за формата и содржината на пријавата за упис во регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали и за начинот на водење на регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали и Нацрт-Образец за доставување податоци за обезбедување јавност во работењето на издавачите на онлајн медиуми – интернет портали.

Со последните измени и дополнувања на Законот за медиуми е предвидено евидентирање на онлајн медиумите-интернет порталите во Регистар на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали, кој ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како надлежно регулаторно тело.

Регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали ќе се води во електронска форма и ќе содржи основни податоци за издавачот на медиумот (назив и адреса на издавачот на медиумот, име и презиме на одговорното лице, името и интернет адресата на онлајн медиумот и регистрантот на македонскиот .мк или .мкд интернет домен). Образецот содржи податоци за сопственичката структура, уредништво, податоци за економското работење во претходната година и бројот на вработени во медиумот.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше 15 дена, заклучно со 23 мај 2025 година.


Пристигнати мислења за јавната расправа од Редакција Портал 24/7



Accessibility

Accessibility