На територијата на Република Македонија дејствуваат овластени застапници за склучување на договори за реемитување на програмски сервиси во јавните комуникациски мрежи и застапници на филмски, спортски и други права врз содржини што се емитуваат на програмските сервиси на домашните радиодифузери.
Регистарот на застапниците има евиденционен (неконститутивен карактер) и е во функција на олеснување на контактите на операторите на јавни комуникациски мрежи и радиодифузерите со овластените застапници, како и зголемување на правна сигурност при склучувањето на договори за реемитување и договори за купување на содржини што ќе се емитуваат на радио и телевизиските програмски сервиси на домашните радиодифузери.
Регистарот е во служба и на заштита на авторските и сродните права, на кои Советот за радиодифузија внимава по службена должност, согласно неговата надлежност од Законот за радиодифузната дејност, како во поглед на реемитување на програмски сервиси кај операторите на јавни комуникациски мрежи така и во поглед на програмите на домашните радиодифузери на сите нивоа на емитување.
Регистарот е отворен и за сите други досега непријавени овластени застапници кои можат да достават пријави на адреса на Советот за радиодифузија: булевар ВМРО бр.3 1000 Скопје или на електронска пошта copyrights@srd.org.mk
Секој овластен застапник, кон пријавата, треба да достави: решение за упис во Централниот регистар на Република Македонија, и податоци за управителот на правното лице, седиштето, телефонот, имејл и веб адресата (ако е правно лице); или овластување или друга соодветна документација како доказ за неговото застапничко својство, и податоци за службената адреса, телефонот, имејл и веб адресата (ако е физичко лице).
РЕГИСТАР НА ЗАСТАПНИЦИ НА ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ И ФИЛМСКИ, СПОРТСКИ И ДРУГИ ПРАВА