Повторени избори за градоначалник на Општина Гостивар, Општина Врапчиште, Општина Маврово и Ростуша и Општина Центар Жупа – 11.01.2026
-
- Редакциски пречистен текст на Изборен законик – април 2024
- Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси
- Упатство за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање – 15.06.2020
- Упатство за изменување и дополнување на Упатството за потврдување на извештаите за емитуваното платено политичко рекламирање – 24.09.2025
- Упатства за радиодифузерите за поставување на снимки на ФТП сервер и преку веб прелистувач
- Формулар за поднесување претставки
- Потсетување за одредбите од Изборниот законик што важат во периодот пред почетокот на изборната кампања – 18.11.2025
- Известување за обврската за информирање на начин прилагоден за лицата со попреченост за време на Повторните локални избори – 03.12.2025
- Упатство за радиодифузерите за Повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на Општина Врапчиште, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа, 2026 година
- Дописи до радиодифузери
Ценовници за платено политичко рекламирање (ППР)
Извештаи од надзори над изборното медиумско претставување
МРТ 1 (прекршување на член 76-б од Изборниот законик) – 13.01.2025
МРТ 2 (прекршување на член 76-б од Изборниот законик) – 13.01.2025
ТВ 24 Вести (прекршување на член 76-б од Изборниот законик) – 13.01.2025
ТВ Алфа (прекршување на член 76-б од Изборниот законик) – 13.01.2025
Извештај за емитуваното ППР за време на изборната кампања за Повторните локални избори 2026
Скопје, 29 јануари 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврската од член 76-д став 8 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија го достави Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на изборната кампања за Повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, општина Врапчиште, општина Маврово и Ростуша и општина Центар Жупа, во периодот од 22 декември 2025 година до 9 јануари 2026 година. Податоците во Извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платеното политичко рекламирање кај радиодифузерите и дополнително се проверени низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.
Од 18 радиодифузери (13 ТВ и 5 РА) регистрирани во Регистарот на Државната изборна комисија за емитување ППР за Повторните локални избори 2026, вкупно 9 радиодифузери – 7 телевизии и 2 радија, склучија договори со учесниците во кампањата за емитување ППР. На сите 7 телевизии заедно беа емитувани вкупно 20 часа 1 минута и 45 секунди платено политичко рекламирање, а на двете радија заедно беа емитувани вкупно 4 часа 18 минути и 29 секунди ППР. Вкупно на сите радија и телевизии беа емитувани 24 часа 20 минути и 14 секунди платено политичко рекламирање.
Најголем обем рекламно време емитуваа локалните телевизии ТВ Г-ТВ (6 часа 49 минути и 21 секунда) и ТВ Дуе (5 часа 57 минути и 42 секунди). Од двете локални радија кои склучија договори за емитување ППР, Радио Комета 2000 (Радио ЏИ) емитуваше 2 часа 24 минути и 24 секунди, додека Радио 7, 1 час 54 минути и 5 секунди ППР. На сите радиодифузери заедно, најмногу време закупи Коалицијата Национална алијанса за интеграција – НАИ (16 часа 44 минути и 18 секунди), а потоа Коалицијата ВЛЕН (7 часа 9 минути и 36 секунди). Коалицијата предводена од СДСМ закупи простор само на ТВ Канал 5 (26 минути и 20 секунди). Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Демократската партија на Турците во Македонија и независниот кандидат Зуљхајрат Демири одлучија во оваа изборна кампања воопшто да не закупат простор за емитување на ППР на програмите на радиодифузерите. Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за Повторните локални избори 2026 е достапен на линкот.
ТВ содржини кои ќе бидат прилагодени за лицата со попреченост за време на Повторените локални избори 2026
Скопје, 19.12.2025 – Јавниот радиодифузен сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, во согласност со обврските од член 75 став 1 и став 4 од Изборниот законик, содржините поврзани со изборниот процес треба да ги емитуваат во формат пристапен за лицата со попреченост.
За време на изборната кампања за Повторните избори за градоначалник на општините: Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа 2026 година, овие телевизии ќе обезбедат пристапност на најмалку едно издание на вести, во периодот од 16:00 до 24:00 часот, секој ден, и на најмалку една друга емисија поврзана со изборниот процес, во периодот од 16:00 до 24:00 часот, еднаш неделно. Прегледот на содржините што ќе се емитуваат во формат достапен за лицата со попреченост во периодот од 22 декември 2025 до 9 јануари 2026 е достапен на линкот.
Упатство за радиодифузерите за Повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на Општина Врапчиште, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа, 2026 година
Скопје, 18 декември 2025 – Советот на Агенцијата на денешната 23-та седница за 2025 година, донесе Упатство за радиодифузерите за Повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на Општина Врапчиште, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа, 2026 година.
Со ова Упатство се појаснува начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање, означување на нарачателот на рекламирањето, распределба на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Програмскиот сервис наменет за емитување на активностите на Собранието на РСМ и за обезбедување пристапност на содржините за изборниот процес за Повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на Општина Врапчиште, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа, 2026 година.