На 26 октомври 2017 година, Мрежата за медиумска писменост на Република Македонија доби нов член – Здружението за волонтеризам Волонтерски центар Скопје, кое го издава електронскиот Младинскиот магазин „Воисес“.
Мрежата сега има 36 членки (јавни институции и министерства, граѓански организации, образовни установи и радиодифузери), и е континуирано отворена за нови членови – потребно е само да се прифати Актот за формирање и да се достави во АВМУ потпишана Пристапница.
Создадена е со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.
Мрежата е предвидена со Програмата на АВМУ за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија 2016-2018. Нејзиното формирање го иницираше Агенцијата, но таа им припаѓа на сите и ќе биде онолку успешна колку што сите ќе бидат подготвени да ја користат.