Седница бр. 1 од 08.07.2014

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 1-та седница ја закажува за 08.07.2014 година (вторник), со почеток во 12 часот…


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 1-та седница ја закажува за 08.07.2014 година (вторник), со почеток во 12 часот.

 Д н е в е н р е д

1. Усвојување на Записникот од 39-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 01.07.2014 година.

2. Верификација на мандатот на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, избрани со Одлука на Собранието на Република Македонија, бр. 07-2613/1 од 02.07.2014 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.100 од 03.07.2014 година)

3. Избор на Претседател на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

4. Избор на Заменик на претседателот на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

5. Предлог за донесување на Одлука за давање овластување, на в.д Директорот на Агенцијата.

6. Предлог за донесување на Одлука за утврдување на надоместокот за патни трошоци на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

7. Предлог за донесување на Правилник на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за користење на средствата за репрезентација, со Предлог – Правилник на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за користење на средствата за репрезентација.

8. Предлог за донесување на Правилник за начинот на користење, управување и одржување на службените моторни возила на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со Предлог – Правилник за начинот на користење, управување и одржување на службените моторни возила на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

9. Предлог за донесување на Правилник за користење на службени мобилни телефони и 3Г УСБ модеми во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со Предлог – Правилник за користење на службени мобилни телефони и 3Г УСБ модеми во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

10. Предлог за запирање на покренатите прекршочни постапки против ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје и ТРД ТВ Макпетрол ДООЕЛ Скопје.

11. Предлог за покренување на постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Радиодифузното трговско друштво Арачина Џавит ДООЕЛ, с. Арачиново, Арачиново, Скопје.

12. Предлог за покренување на постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Трговското радиодифузно друштво ТВ БОЕМ ДООЕЛ Кичево.

13. Предлог за покренување на постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Трговското радиодифузно друштво Т.В. КАЛТРИНА Мазар Татеши, Струга ДООЕЛ.

14. Предлог за покренување на постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Трговското радиодифузно друштво ТВ ЛАЖАНИ ДООЕЛ с. Лажани, Долнени.

15. Предлог за покренување на постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Трговското радио дифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА СУПЕР СКАЈ, Муслим ДООЕЛ с.Мала Речица, Тетово.

16. Предлог за покренување на постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Трговско радиодифузно друштво Радио Ват ДОО Скопје.

17. Предлог за покренување на постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Друштво за радио дифузија ДИ – ЏЕЈ Славе ДООЕК Струга.

18. Предлог за покренување на постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Трговско радиодифузно друштво Енергу Радио ДООЕЛ увоз-извоз Струга.

19. Разно.

 



Accessibility

Accessibility