Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 10-та седница ја закажува за 18.09.2014 година (четврток), со почеток во 14:00 часот.
Д н е в е н р е д
1. Усвојување на Записникот од 9-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 12.09.2014 година.
2. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за услугата – Интернет конекција со хостирање на веб страницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со предлог-Одлука за потреба од јавна набавка,
3. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за стока – Горива за службените моторни возила за потребите на Агенцијата, со предлог-Одлука за потреба од јавна набавка,
4. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за стока – Анти вирус за потребите на Агенцијата , со предлог-Одлука за потреба од јавна набавка.
5. Разно.