Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 11-та седница ја одржа на 28.02.2020 година со почеток во 15:00 часот.
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Предлог-записник од 10-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 27.02.2020 година,
- Нацрт-методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.
- Нацрт-упатство за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.
- Нацрт-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.015775/1 од 21.11.2014 година.
- Нацрт-упатство за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на Р.С. Македонија.
- Нацрт-упатство за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава.
- Предлог за запирање на постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за радио емитување.
- Предлог-одлуки за одземање на дозвола на радиодифузери.
- Предлог за прекинување на постапката во врска со доставено барање за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на трд ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
- Разно