Седница бр. 12 од 07.10.2014

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 12-та седница ја закажува за 07.10.2014 (вторник), со почеток во 15:00 часот.

Д н е в е н р е д

1. Усвојување на Записникот од 11-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 24.09.2014 година.

2. Извештај од Комисијата за евалуација на доставените пријави на кандидатите по објавените јавни конкурси за избор на директор и заменик на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со предлог одлука за избор на директор на Агенцијата.

3. Предлог за изменување и дополнување на годишниот план за јавни набавки во 2014 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Пречистен текст) бр.01-4532/1 од 15.09.2014 година.

4. Предлог за донесување на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за месечниот надоместок и другите трошоци на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги бр.01-3802/1 од 17.07.2014 година.

5. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за предметот на набавка – Истражување на медиумската писменост кај возрасната популација и кај деца 2 (две) истражувања, со предлог-Одлука за потреба од јавна набавка.

6. Предлог за донесување одлука со која се дозволува промена во сопственичката структура на Трговско радиодифузно друштво ТВ ЕРА ДОО Скопје, со Предлог-Одлука.

7. Предлог за давање одобрување за склучување договор за санирање и поправка на кровот во деловните простории каде што се наоѓа седиштето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на склучен договор за закуп, со предлог-договор.

8. Предлог за давање одобрување за донесување на Одлука за набавка на фолии за стакла во 1 (една) канцеларија, во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

9. Разно.



Accessibility

Accessibility