Седница бр.13 од 14.10.2014

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 13-та седница ја закажува за 14.10.2014 година со почеток во 14:00 часот.

 Д н е в е н   р е д

 1. Усвојување на Записникот од 12-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 07.10.2014 година.

2. Предлог за донесување на Предлог – Правилник за доставување на пропратната документација кон дописите и пријавите упатени до архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

3. Предлог за донесување на Нацрт – Правилник за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси.

4. Предлог за донесување на Нацрт – Правилник за формата и содржината на известувањето за промената на сопственичката структура.

5. Предлог за донесување на Нацрт – Упатство за начинот на класификација на видовите аудиовизуелни и аудио програми.

6. Предлог за донесување на Нацрт – Правилник за форматите на програмските сервиси на радиодифузерите.

7. Предлог за донесување на Нацрт – Правилник за обврските за емитување изворно создаденa програмa, музика, документарна и играна програма.

8. Предлог за донесување на Нацрт – Правилник за заштита на малолетните лица.

9. Предлог за давање одобрение за донесување на Одлука за орочување на денарските средства на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со Предлог-Одлука.

10. Разно.



Accessibility

Accessibility