Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 13-та седница ја закажува за 21.03.2016 година (понеделник), со почеток во 12.00 часот…
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 13-та седница ја закажува за 21.03.2016 година (понеделник), со почеток во 12.00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Предлог-записник од 12-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 15.03.2016 година.
2. Предлог-одлука за отпис на долгот на ТРД ПИНК МАК ДООЕЛ Скопје и Предлог-одлука за овластување на директорот на Агенцијата за потпишување на договор за отстапување на побарување со надомест со ДПТУ МУЛТИКОМ БАЛКАН увоз-извоз ДОО Кичево, со Предлог-договор.
3. Предлог-одлука за промена на сопственичка структура на ТРД Стреет ФМ ДОО Скопје.
4. Предлог-одлука за исплата на средства за национално кофинансирање на проектот на АААВМУ од IPA TAIB 2011.
5. Предлог-одлука за плаќање годишна членарина во ЕПРА.
6. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка: одржување на дополнителниот модул „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи“.
7. Разно.