Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 13-та седница ја закажува 30.03.2015 година (понеделник), со почеток во 14:00 часот
Д н е в е н р е д
1. Усвојување на Записникот од 12-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 23.03.2015 година.
2. Став на Агенцијата во врска со Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност, ефикасност и ефективност на системот на финансиското управување и контрола и внатрешна ревизија кај Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
3. Став на Агенцијата во врска со Ревизорскиот извештај од независен ревизор на финансиските извештаи на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година.
4. Предлог – Годишен извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година.
5. Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за определување на траење на годишниот одмор на вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги бр.01-1879/1 од 12.03.2015.
6. Предлог – Правилник за утврдување на локациите за прибирање на сигнали од ОЈЕКМ и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.
7. Нацрт – Правилник за работниот ред и дисциплинската и материјална одговорност на вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
8. Предлог – Одлука за доделување дозвола на „Company 21“ ДОО од Приштина, Косово, за телевизиско емитување на програмски сервис преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс, на државно ниво.
9. Барање од ТРД Канал 5 ДООЕЛ Скопје, бр.03-1612/3 од 26.03.2015 година.
10. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка: Средства за пијалоци и потреби за кујна.
11. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка: Одржување на постојната веб-страна на Агенцијата.
12. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка: Одржување на хигиената во деловните простории на Агенцијата.
13. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка: Свич 6 (шест) парчиња.
14. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка: Ангажирање на фирма за селење од старите во новите простории на Агенцијата.
15. Разно.