Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 14-та седница ја одржа на 21.05.2021 година со почеток во 10:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 3-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 18.05.2021 година
- Усвојување на Предлог-записник од 13-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 18.05.2021 година.
- Ревидирана нацрт-измена на Планот за намена и распределба на капацитети на дигиталентерестријален мултиплекс на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите бр,01-1268/1 од 17.02.2015 година.
- Предлог за изрекување мерка – јавна опомена на АНТИК МЕДИА од Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Студија за можностите за воведување дигитално радио.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Анализа на можностите и потребите за воведување DVB-T2.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Изработка на нова веб страница – mediumskapismenost.mk.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Одржување на дополнителниот модул на постојно апликативно решение „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи“.
- Разно.