Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 14-та седница ја закажува за 22.03.2019 година (петок), со почеток во 14:30 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 13-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 14.03.2019 година.
- Предлог за утврдување на став на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во однос на резултатот од извршената ревизија од независниот ревизор за 2018 година.
- Предлог-годишен извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.
- Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТРД ГОЛДИ ДООЕЛ, Велес.
- Предлог за писмено укажување на ТРД 1 ТВ ДООЕЛ Скопје поради прекршување на член 61 од ЗААВМУ (начела за вршење на дејноста).
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Разно.