Седница бр.15 – 06.04.2015

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 15-та седница ја закажува 06.04.2015 година (понеделник), со почеток во 14:00 часот


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 15-та седница ја закажува 06.04.2015 година (понеделник), со почеток во 14:00 часот

 

Д н е в е н   р е д

 

1. Усвојување на Записникот од 14-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 02.04.2015 година.

2. Предлог – Oдлука за доделување дозвола на Друштво за трговија и услуги “Медиа Ворлд Невс” ДООЕЛ, Скопје, за телевизиско емитување на програмски сервис преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс, на државно ниво.

3. Предлог – Кодекс за однесување на членовите на Советот и вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

4. Предлог – Правилник за работниот ред и дисциплинската и материјалната одговорност на вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

5. Предлог – Правилник за нови рекламни техники.

6. Нацрт – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување бр.01-5774/1 од 21.11.2014 година

7. Нацрт – Листа на информации од јавен карактер на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

8. Предлог за поништување на Одлуката на Советот на Агенцијата, бр.02-1723/1 од 06.03.2015 година.

9. Предлог – Одлука за потпишување на Анекс бр.2 кон Договорот за градење на административниот објект “Палата Панко Брашнаров”, за изведување на непредвидени работи.

10. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка: Одржување на хигиената во деловните простории на Агенцијата.

11. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка: Свичови.

12. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка за спроведување на постапка со преговарање без објавување јавен оглас: Одржување (превентивно) на дополнителниот модул на постојното апликативно решение „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи“.

13. Разно.

 



Accessibility

Accessibility