Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 15-та седница ја одржа на 25.03.2020 година со почеток во 14:05 часот.
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Предлог-записник од прво продолжение на 11-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржано на 05.03.2020 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 5-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 12.03.2020 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 14-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 12.03.2020 година.
- Предлог-одлука за зголемување на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020-та година.
- Предлог-одлука за доделување финансиска помош-донација за справување со последиците од Коронавирусот Covid-19.
- Предлог-упатство за лимитите за платено политичко рекламирање за изборите во 2020 година.
- Предлог-методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.
- Предлог-упатство за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.
- Предлог за утврдување на став на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во однос на резултатот од извршената ревизија од независниот ревизор за 2019 година.
- Предлог-годишен извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година.
- Информација за плакање годишна членарина за ЕПРА за 2020 година.
- Предлог-одлука за набавка на потрошен материјал за потребите на Агенцијата за изборниот процес.
- Разно